Maнчестер Сити денеска го потврди ангажманот на еден од најголемите аргентински таленти, Клаудио Ечвери кого го споредуваат дури и со Лионел Меси.
Аргентинецот со „граѓаните“ потпиша договор до 2028 година, меѓутоа на „Итихад“ ќе пристигне дури наредниот јануари, а наредниот период ќе го помине во Ривер Плата каде што ќе игра како позајмен фудбалер и ќе има можност да се стекне со дополнително искуство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Аргентина тој е популарен по прекарот „Ел Дибалито“, има 18 години, а англискиот шампион за него ќе плати сума од 12.5 милиони евра, плус Ривер договори и одредени бонуси.