Дома Трансфер зона Официјално: Манолас доби откупна клазула, еве за колку може да ја напушти Рома

Официјално: Манолас доби откупна клазула, еве за колку може да ја напушти Рома

Фудбалерот кој минатото лето беше на мета на бројни клубови ќе добие нов договор, но во истиот ќе биде вметната и откупна клазула.

Рома во текот на летниот преоден рок успеа да го задржи Костас Манолас иако грчкиот репрезентативец беше мета на бројни европски клубови.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Манолас беше на чекор од трансфер во Зенит каде што требаше да премине заедно со Пардес, но на крајот во Русија заврши само Аргентинецот.

Сега Манолас ќе добие нов договор според кој годишно би заработувал 2.8 милиони евра, додека со бонусите би можел да инкасира и до 3.5 милиони евра.

Она што е најинтересно во неговиот договор за останатите европски клубови сигурно ќе биде неговата откупна клазула која ќе изнесува 37 милиони евра, што за денешни услови воопшто не е голема сума, но сепак таа ќе биде достапна само за клубовите надвор од Италија.

Тоа што не е познато е дали со новиот договор Манолас ќе добие продолжување на соработката која завршува во 2019 година или пак Гркот добил само подобри услови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…