Дома Топ вести Официјално: Луис Нани стана соиграч со Манев!

Официјално: Луис Нани стана соиграч со Манев!

Поранешниот португалски репрезентативец, Луис Нани иако има 36 години се уште не размислува да каже „збогум“ на фудбалот.

Зад себе Нани има сезона во Австралија во која немаше премногу успех, а сега се врати во Европа. Нани ја прифати понудата од турскиот прволигаш Аданаспор.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Со овој трансфер Нани ќе стана соиграч со македонскиот дефанзивец Јован Манев. Адана минатиот месец на тренерската позиција го доведе Патрик Клајверт и токму тој најмногу инсистирал на доведување на Нани.

За Нани ова е враќање во турскиот шампионат каде што од 2015-та до 2016-та беше дел од Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…