Дома Фудбал Останато Нани: Во последните минути од преодниот рок ми пропадна трансфер во Јувентус

Нани: Во последните минути од преодниот рок ми пропадна трансфер во Јувентус

Португалскиот фудбалер Луис Нани на почетокот на минатата година одлучи кариерата да ја продолжи во американската МЛС лига во дресот на Орландо Сити со кој има договор на уште две години.

Нани најдобрите денови во својата кариера ги помина во дресот на Манчестер Јунајтед во кој стигна кога имаше само 19 години. Португалецот беше еден од омилените играчи на Сер Алекс Фергусон, а откако легендарниот стратег се пензионираше Нани го изгуби своето место на „Олд Трафорд“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Искусниот сега призна дека летото 2014 година имал прилика да потпише за Јувентус и дека се било договорено. Меѓутоа трансферот пропаднал во последен момент и Нани се уште не знае поради што.

„Го продолжив договорот до 2013 година иако бев повреден. Сакаа да ме задржат, но кога се опоравив од повредата воопшто не играв. Сите играа, дури и некои деца. Тогаш знаев дека морам да си заминам и го кажав тоа на сите во клубот. Се договорив со Јувентус. Се беше завршено Јунајтед се согласи на трансферот и тренерот ми кажа дека мжам да заминам. На крајот во последните минути од трансфер рокот се пропадна, Јунајтед откажа се и кажа дека не сум на продажба. Се чуствував измамено“.

„И денес не ми е јасно поради што го направија тоа. Бев лут поради тоа, само ми кажаа дека сум важен дел од екипата. Ван Гал ми кажа дека ќе бидам стандарден, но не беше така. Во првата прилика го напуштив клубот и потпишав за Спортинг. Жал ми е што не заиграв за Јувентус“, изјави Нани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…