Како и што се најавуваше, утрово ППД Загреб го потврди трансферот на Куни Моралес кој го напушта Вардар и се сели во хрватскиот клуб.
36-годишниот Моралес ќе ја заврши сезоната во Вардар, по што ќе се пресели во Хрватска. Кариерата Кубанецот ја започна во сезоната 2004/2005 во Хавана од неговата татковина, а по одличната сезона го започна европскиот пат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Загреб тој ќе се придружи на поранешните тројца екс-вардарци, Дибиров, Чупиќ и Додиќ.
„Многу сум среќен што доаѓам во клуб кој со годините е присутен на најголемата ракометна сцена – во ЕХФ Лигата на шампионите.
Мојата цел е да давам се од себе на секој тренинг и секој натпревар и така да му помогнам на клубот. Ме радува што повторно ќе ја делам соблекувалната со Тимур Дибиров кој е пример за голем професионалец“, изјави Моралес.
Morales je doveden kao pojačanje za sljedeću sezonu, a ugovor s 36-godišnjim desnim vanjskim potpisan je na dvije godine 🤝🏻
— RK PPD Zagreb (@RKZagreb) March 27, 2023
Što je kubanski rukometaš rekao pri potpisivanju ugovora, pročitajte na našem webu 👇🏻#IznadSvihZagreb #rkzagrebhttps://t.co/k0785Cmh8B