Екипата на Рома преку официјалниот сајт на клубот ги израдува своите навивачи.
Иако за Раџа Наинголан интерес покажуваа голем број на европски гиганти, Белгиецот одлучи да остане во Рома.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од „најзагреаните“ за неговиот потпис беше Жозе Мурињо кој силно сакаше да го доведе во Манчестер Јунајтед, но сега Португалецот ќе мора да бара други решенија.
Наинголан со Рома се договори за продолжување на договорот за четири години.
„Мислам дека докажав дека ова е она што го сакав цело време. Поради тоа сум многу среќен, посебно бидејќи сега во клубот можеме да ја продолжиме нашата авантура и да одиме напред заедно“, изјави Белгиецот.
Фудбалерот од средината на теренот во Рома настапува од 2014 година, до сега на 161 настап за клубот од Рим постигна 27 погодоци. Во сезоната која измина постигна 14 голови во сите натпреварувања, а од страна на навивачите на „Волчицата“ беше прогласен за играч на сезоната.