Дома Фудбал Италија Официјално: Канаваро тренер во Серија А

Официјално: Канаваро тренер во Серија А

Удинезе по последниот пораз од Верона во Серија А го отпушти Габриеле Чиофи од тренерската позиција, а на негово место доаѓа легендарниот Фабио Канаваро.

Клубот соопшти дека 50-годишниот Канаваро потпишал договор до крајот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Канаваро доаѓа на местото на Габриеле Чофи, кој беше отпуштен од должноста по петочниот пораз од директниот конкурент во борбата за опстанок, Верона.

Удинезе е 17. на табелата во Серија А со 28 бодови, колку што има и Фросиноне, кој е место подолу и во зоната на испаѓање.

Светски шампион со Италија во 2006 година и освојувач на „златната топка“, тренерската кариера ја започна како асистент во саудиски Ал Ахли во 2013 година. Една година подоцна, по препорака на Марчело Липи, тој стана шеф на стручниот штаб на Гуангжу Евергранде во Кина, а ова е негов прв ангажман во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…