„Нероаѕурите“ потпишаа договор со францускиот играч за врска.
Интер е исклучително активен ова лето на трансфер пазарот. Нов член на клубот од Милано е 17 годишниот Лусијан Агума.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Младиот играч за врска доаѓа од француски Сошо, а Интер за него како оштета плати 4.5 милиони евра можност да доплати два милиони евра со одредени бонуси. Агума потпиша договор на три години, а се уште не е јасно дали ќе конкурира за првиот тим или ќе биде испратен некаде на позјмица.
Агума на 16 години дебитираше во тимот на Сошо во Лига 2 и го привлече вниманието на повеќе клубови.
Интер пред Агума ги доведе: Валентино Лазаро, Диего Годин, Стефано Снеси и бразилскиот голман Бразао кој го обезбеди уште во јануарскиот предоен рок, но поради бројот на странци мораше да го пушти во Парма на шест месеци.
https://www.youtube.com/watch?v=VteOwvg3gL4