Дома Фудбал Италија Официјално: Икарди се враќа во тимот на Интер!

Официјално: Икарди се враќа во тимот на Интер!

Мауро Икарди после скоро два месеци се враќа во тимот на Интер и ќе биде повикан за утрешниот меч против Џенова.

Ова денес го потврди тренерот на „нероаѕурите“ Лучијано Спалети, кој додаде дека Икарди ќе биде во стартниот состав и ќе започне од првата минута на гостувањето кај Џенова во рамките на 30-то коло од Серија А.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Утре Икарди ќе биде во стартниот тим против Џенова. Тој реагираше ментално на вистинскиот начин, а тоа е поважно од физичката спремност. Ќе видиме колку минути ќе може да игра, и ако треба ќе биде заменет во второто полувреме“, потврди Спалети.

Икарди одбиваше да игра за Интер откако му беше одземена капитенската лента со изговор дека е повреден. Пред десетина дена се врати да тренира со остатокот од тимот, но Спалети повторно не го повика за мечот со Лацио.

Марота заврши неверојатна работа и осигури вистински дијалог помеѓу сите засегнати страни во случајот. Тоа значи дека Икарди може да му помогне на тимот. Тимот е обединет и имаме заедничка цел“, додаде Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн Минхен се откажа од ѕвездата на Челси!?

Во последните 24 часа, откако пропадна трансферот на напаѓачот Ник Волтемајде од Штутгарт,…