После Фудбалската Федерација на Македонија и Кошаркарската го прифати предлогот на Владата натпреварите да се играат без публика.
Во краткото соопштение на федерацијата стои:
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„По добиената препорака од Владата на Република Македонија до сите спортски институции, натпреварите во периодот до 6. март 2020 година да се играат без присуство на публика, Кошаркарската федерација на Северна Македонија официјално потврдува дека сите натпревари кои се во организација на федерацијата ќе се одиграат без присуство на публика“, стои во соопштението.