Toa што изгледаше како медиумска шпекулација сега доби официјална потврда – Зинедин Зидан се врати во Реал Мадрид!
На денешниот состанок помеѓу Флорентино Перез и бордот на директори било договорено враќањето на Французинот на „Сантијаго Бернабеу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Попладнево сите спортски медиуми објавија дека работата е завршена и дека Зидан со сигурност ќе се врати во Реал Мадрид, а потврдата стигна пред неколку минути на официјалниот сајт на Реал Мадрид.
Зидан со Реал Мадрид со кој три години во низа ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите сега потпиша договор на три години, до 30 јуни 2022.
Comunicado Oficial.#RealMadrid https://t.co/19nQZWKhsG
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) March 11, 2019
Претставувањето на Зидан пред медиумите ќе се случи вечерва во 20:00 часот кога на прес-конференцијата ќе се појават Зидан и Флорентино Перез.
Франузинот клубот го напушти пред само девет месеци и од неговото заминување на Реал никако не му одеше, па изгледа Перез не можеше да пронаје подобро решение и се одлучи да го врати човекот кој имаше огромен успех во Мадрид.
Интересно ќе биде вечерва да се слушнат изјавите на првиот човек на Реал и Зидан.