Дома Фудбал Останато Официјално: Герет Бејл замина во пензија

Официјално: Герет Бејл замина во пензија

Легендата на велшкиот фудбал, Герет Бејл на 33-годишна возраст одлучи да се повлече од активното играње на фудбал.

По настапот на Светското првенство со националниот тим, тој одлучи да се пензионира.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Се чувствувам среќен и горд, затоа што го играв спортот кој ме исполнуваше, си го остварив сонот. Беше неверојатно целото доживување, од Саутемптон па до Лос Анџелес. Им благодарам на сите кои имаа било каков удел во мојата кариера, сите со кои делевме убави и не толку убави моменти”, објави Герет Бејл.

Бејл ја доживеа својата фудбалска афирмација во Тотенхем, од каде за 100 милиони евра се пресели во Реал Мадрид.

Со „кралевите“ освои пет титули во Лигата на шампионите, трипати ја освои Примера, еднаш Купот на кралот и шпанскиот Суперкуп, трипати беше Светски клупски првак и освојувач на УЕФА Супер купот. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ бара отштета од 98 милиони евра од Мбапе

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен тврди дека ѕвездата Килијан Мбапе треба да им исплати ошт…