Oд Италија ни пристигнуваат добри вести.
Владата на оваа земја вечерва одлучи да намали мерките кои се донесени поради пандемијата од коронавирусот и веќе од 4. мај играчите на италијанските клубови ќе можат самостојно да тренираат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Враќањето на групните тренинзи ќе биде на 18. мај и тоа секако е одлична вест за фудбалот на Апенините.
„Сите покажавте храброст и одговорност. Новата фаза на животот со вирусот започнува, но мораме секогаш да бидеме внимателни. Сега најважно е да се држиме на социјална дистанца, најмалку на еден метар. Ако не ја држиме дистанцата работите можат да се вложат. Ако ја сакате оваа земја почитувајте ги правилата. Спортистите ќе можат да тренираат од 4. мај. Секако, тие ќе мораат да ги почитуваат мерките на социјална дистанца. Потоа ќе донесеме нови мерки кој ќе стартуваат од 18 мај“, изјави премиерот Џузепе Конте.
Така фудбалерите ќе можат да тренираат од 4. Мај како и што се очекуваше. Две недели подоцна ќе започнат групните тренинзи, а првите натпревари би требало се одиграат кон крајот на месецот во Купот на Италија.