Бугарскиот напаѓач Валери Божинов пронајде нов клуб откако неодамна го напушти Ботев Вратса.
Божинов за бугарскиот клуб потпиша пред почетокот на сезоната, но само неколку минути подоцна ја раскина соработката. Овој 33 годишник не беше долго без клуб и одлучи да се врати во Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Божинов се очекуваше да изгради многу подобра кариера, но не успеа во целост да ги оправда очекувањата. Своевремено беше дел и од Манчестер Јунајтед, но на крајот „лудата глава“ го чинеше подоба кариера.
Божинов после пет години одлучи да се врати во Италија каде што го помина најголемиот дел од својата кариера. Божинов ќе игра во Пескара до крајот на сезоната како позајмен фудбалер и ќе има опција да ја продолжи соработката на уште една година.