Ќе го води Лестер до јуни 2022 година.
Брендан Роџерс ќе работи повторно во Премиер лигата! Поранешниот тренер на Ливерпул вечерва како што се најавуваше стана нов тренер на Лестер. Роџерс официјално го напушти Селтик и потпиша договор со „Лисиците“ до јуни 2022 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Воодушевен сум што ќе бидам менаџер на овој одличен фудбалски клуб. Во Лестер се поставени темели со кои можеме да растеме и заедно да постигнеме многу работи. Се надевам дека со моето искуство ќе помогнам да бидеме успешени“, изјави Роџерс.
Brendan Rodgers will be at King Power Stadium for tonight’s Premier League visit of Brighton. He will take charge of the squad for the first time ahead of Sunday’s trip to Watford. #WelcomeBrendan pic.twitter.com/nFoiN81FLs
— Leicester City (@LCFC) February 26, 2019
Нема соменвање дека Лестер во Роџерс добива искусен менаџер кој во Премиер лигата има повеќе од 150 натпревари, како и бројни европски натпревари.
Селтик добро ќе помина, бидејќи во мај 2016 година го доведе Роџерс за џабе, а сега ќе заработи на него седум милиони евра како оштета. Поранешниот тренер на Ливерпул така ќе добие прилика да работи во една силна лига, а со себе ќе го земе и Коло Туре кој на „Селхуст Парк“ му беше помошник од 2017 година.
Шкотскиот гигант на местото на Роџерс го назначи Нил Ленон кој ќе го води клубот до крајот на актуелната сезона и засега тој е привремено решение.
Станува збор за стратег кој го водеше Селти код 2010 година до 2014 година, пред враќањето во овој клуб ги водеше Болтон и Хиберниан.