Бобан Марјановиќ денес и официјално се врати во Европа каде што ќе го носи дресот на турскиот гигант Фенербахче.
Ваквиот епилог беше најавен уште во текот на вчерашниот ден, а денеска клубот од Истанбул потврди со објава на официјалните канали.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
На официјалниот сајт на турскиот евролигаш се наведува дека Фенерабахче потпишал едногодишен договор со 36-годишниот центар кој во претходните девет години играше во НБА лигата.
„Се надеваме дека овој договор ќе биде од корист за нашиот клуб и Бобан Марјановиќ, веруваме ќе имаме сезона полна со победи во темно-синиот дрес“, порачаа од Фенер.