Нелсон Семедо после три години ја напушти Барселона.
Каталонскиот клуб денес и официјално го потврди трансферот на португалскиот фудбалер во редовите на англиски Вулверхемптон вреден околу 40 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона објави дека Вулвси веднаш ќе добијат 30 милиони евра додека дополнителните 10 ќе се исплатат преку бонуси.
Тимот од „Камп Ноу“ му се заблагодари на Семедо за она што го направи за клубот во изминатите три сезони и му посака се најдобро. Семедо во 2017 година пристигна во Барселона од Бенфика и одигра 122 натпревари на кои постигна два гола.
❗ Agreement with @Wolves for the transfer of @_nelsonsemedo_
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 23, 2020