Хвратскиот играч за врска потпиша договор на три години со „росонерите“.
Она што беше потврдено од страна на Серија А пред неколку дена денес, беше и официјализирано. Халиловиќ во Миланело ги помина медицинските прегледи по што стави потпис на договор до 2021 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 22 годишен офанзивен играч за врска минатата сезона го носеше дресот на шпански Лас Палмас каде што пристигна на позајмица од Хамбург. Одигра 21 натпревари постигна два погдоци.
Халиловиќ своевремно стана најмладиот дебитант во историјата на репрезентацијата на Хрватска, а од Динамо во 2014 година премина во Барселона, но не се снајде баш најдобро.
За сениорската репрезентација на Хрватска одигра девет натпревари и се уште нема постигнато погодок.
#Milan, ufficiale #Halilovic: contratto fino al 2021⬇️https://t.co/52aJDJxvbO
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 7, 2018