Дома Фудбал Отпадна последната пречка пред Лапорта во преговорите со Меси

Отпадна последната пречка пред Лапорта во преговорите со Меси

Барселона веќе може слободно да испрати понуда до Лионел Меси за нов договор, откако заврши финансиската ревизија во клубот.

Од „Камп Ноу“ соопштија дека утре претседсателот Жоан Лапорта ќе има пресконференција на која ќе открие каква е финансиската состојба на Каталонците.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Досега Лапорта немаше можност да му понуди конкретна плата на најголемата ѕвезда, бидејќи не знаеше со какви финансии ќе располага.

Меси замина во Аргентина каде и се приклучи на аргентинската репрезентација, па преговорите ќе се одвиваат на дистанца и ќе нема брзо да се завршат.

Се очекува конечната одлука Меси да ја донесе после завршувањето на Копа Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бивш играч на Манчестер Јунајтед може да влезе в затвор

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед Андерсон е осуден на затворска каз…