Барселона синоќа лесно и рутински ја победи Севиља со 4:0, но на крајот непотребно ги искомплицира работите, па остана без двајца фудбалери.
Имено, во последните моменти од мечот најпрво Араухо заработи цврен картон, а потоа и Дембеле беше испратен во соблекувална поради приговор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Марка“ денес ги откри зборовите кои Дембеле му ги упатил на судијата Матеус Лахос. Французинот му рекол на судијата: „Многу си слаб. (Eres muy malo)“.
Сега Дембеле може да добие повеќе од еден меч суспензија, а доколку се случи тоа тој ќе го пропушти дербито со Реал Мадрид кое на програмата е на 26-ти октомври.