Дерби пресметката меѓу Манчестер Сити и Барселона заврши со немил инцидент во соблекувалната во кој беше инволвиран Лионел Меси и еден член на домашниот тим.
Влијателните шпански медиуми открија кое било второто лице кое всушност ја испровоцирало цела ситауција во подтрибинскиот простор. Вчера наутро беше обелоденето дека Меси му се обратил на провокаторот со зборовите „глупаку, дојди тука и во лице кажи ми што имаш да кажеш“, а сега пристигна информациајта дека Аргентинецот не се замерил со фудбалер на Сити, туку со првиот помошник на Пеп Гвардиола.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што пренесуваат „Ла Секста“ и „Кадена Копе“, Микел Артета бил човекот кој го испровоцирал Меси на пат кон соблекувалните, порачувајќи му на аргентинскиот фудбалер да не го чека судијата Касаи за да се буни за одредени одлуки.
„Ајде глупаку, тргнувај и оди во твојата соблекувална“, довикнал Артета, а ситуацијата е дополнително интересна поради тоа што поранешниот капитен на Арсенал и сегашен асистент на Гвардиола, својата играчка кариера ја започна во Барселона.
Инаку, тензичната конверзација ексклузивно ја откри новинарката на „Ла Секста“, Сузана Гуаш, која единствена имала акредитација за следење на случувањата во подтрибинскиот простор и која добро ја разбрала конверзацијата бидејќи била на шпански јазик.