Поранешниот менаџер на Ливерпул, Жерар Улије откри како Манчестер Јунајтед го добил Роналдо пред „црвените“:
Ливерпул бил одлучен да го доведе Роналдо, но на крајот Роналдо побрзо реагирал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Таа 2002 година одлучивме да ги доведе Роналдо и Кварезма. Тие играа за Спортинг и оставија одличен впечаток на еден турнир во дресот на репрезентацијата на Португалија. Го следевме Роналдо една година. Работите малку се одолговлекуваа поради платата. Во Ливерпул тогаш постоеше политика на заработка и еден 17 годишник никако не можеше да добива повеќе пари од она што го имаше тогашниот освојувач на Златната топка, Мајкл Овен“.
Клучен бил пријателскиот натпревар кој Манчестер Јунајтед го одиграл со Спортинг.
„Имав многу контакти со Роналдо, но Јунајтед играше пријателска со Спортинг и победи со 3:1 Роналдо постигна два гола и сите играчи на Манчестер Јунајтед потврдија дека клубот мора да го доведе. Неговата цена скокна од четири на 13 милиони фунти и ние тука не можевме да парираме. Можеби нашиот скаут веднаш требаше да каже „да“, но тој тогаш не сакаше да погреши и чекаше“, изјави Улије.