Повеќе не е тајна дека претседателот на ПСЖ, Насер Ал Калаифи имал намера ова лето на „Паркот на принцовите“ да го доведе Нејмар и дека имало напредни преговори.
Угледниот „Екип“ отиде откри детали поврзани со преговорите, кои според овој извор пропаднале во самиот финиш.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
ПСЖ прифатил да плати и отштета од 190 милиони евра на Барселона, Французите не правеле проблеми и за годишната плата од 35 милиони евра, а познато е дека на Нејмар му бил понуден исто така и приватен авион, како и ланец на хотели кои ќе го носат неговото име.
Меѓутоа, работата запнала на обвинувањата за даночно затајување на Бразилецот. Нејмар побарал од ПСЖ да докаже дека навистина посакува со тоа што ќе ја плати казната кон државата за неговото затајување, нешто што не било прифатливо за клубот.