Дома Топ вести Откриени и деталите: Барса за 30 милиони евра обезбеди ново засилување!

Откриени и деталите: Барса за 30 милиони евра обезбеди ново засилување!

Готово се е познато!

Како и што беше најавувано Барса обезбеди уште еден трансфер. Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ потврди дека Барселона постигнала договор со Гремио околу потписот на Артур, а договорот изгледа е одличен за сите три страни.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Според овој извор, Артур целата 2018 година ќе ја помина на позајмица во својот матичен клуб, а ниту потоа нема да дојде на „Камп Ноу“ туку  планот е да оди на позајмица во еден европски клуб.

Планот на Барса е Артур на „Ноу Камп“ да пристигне дури во јануари 2020 година, а идејата да помине и уште една година на позајмица во Примера.

Гремио на стартот на преговорите бараше сума од 50 милиони евра колку и што изнесуваше откупната клазула, но на крајот се согласи за сума од 30 милиони евра.

Да потсетиме, управата на Барса во Артур гледа наследник на Чави, но останува да се види какви настапи ќе прикажува овој фудбалер по пристигнувањето во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…