Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста потврди дека веќе ја донел одлука за продолжување на својата кариера, а сите знаат дека одлучи да се пресели во Кина.
Иниеста постигна договор со кинески Тјанџин Кванжан, со кој ќе потпише договор на три години и ќе заработи 37 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Иниеста не сака да ја стави својата лична одлука пред тимот и ќе го чека финалето на Кралскиот куп за официјално да ја соопшти својата одлука.
Имено, Иниеста сака да и помогне на екипата на 21. април да го освои Кралскиот куп четврти пат по ред, а до тогаш и првенството ќе биде решено, бидејќи на Барса и треба уште седум бодови да ја завери титулата.
Тоа значи, доколку Барса ја освои дуплата круна, на прославата навивачите би морале да се соочат со болната вистина и заминувањето на капитенот после две децении.