Дома Фудбал Италија Откри неговиот агент: Алегри имал договор со Реал, но тогаш се појавил Јувентус

Откри неговиот агент: Алегри имал договор со Реал, но тогаш се појавил Јувентус

Maсимилијано Алегри сезонава има проблеми со Јувентус затоа што „старата дама“ не игра очекуваното ниво.

„Старата дама“ повторно не е на шампионското ниво и лесно може да се случи оваа сезона Јувентус да остане без титулата шампион. Откако Интер минатата година ја прекина доминацијата на Јувентус во Серија А, раководството на клубот одлучи да го врати Масимилијано Алегри.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Со Алегри Јувентус сезонава во овој момент е на петтата позиција на табелата. Интересно е дека во мај минатата година Алегри беше бил далеку од враќање во Јувентус. Тогаш имал договор со Реал Мадрид, меѓутоа кога се појавил Јувентус се откажал од договорот со „кралевите“.

„Алегри беше на чекор од Реал Мадрид. Во мај се беше завршено, постигна договор и требаше само да го потпише. Меѓутоа тој одлучи да се врати во Јувентус“, изјави агентот на Алегри, Џовани Бранчини.

Реал на крајот го доведе Карло Анчелоти и со него оваа сезона се одлични.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…