Коронавирусот ја откажа трката во Мото ГП за Големата награда на Италија, па за прв пат во последните 30 години нема да се вози оваа легендарна стаза.
Трката требаше да биде одржана на 31. мај, но прво беше одложена, а откако не можеше да се пронајде нов термин, на крајот беше и откажана.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сезоната во Мото ГП требаше да започне на 8. март во Катар, но до сега не е одржана ниту една трка. Откажани се осум трки – во Катар, Холандија, Германија, Финска, Велика Британија, Австралија и Јапонија, а сега и Големата награда на Италија.
Во Меѓународната мото федерација се надеваат дека сезоната може да започне на 19. јули со Големата награта на Шпанија.