Наполи и Виктор Осимен ги продолжија преговорите за продолжување на соработката и двете страни се блиску до договор.
Преговорите беа во застој неколку месеци поради тензиите кои беа на релација помеѓу Осимен и клубот. Меѓутоа се чини дека конечно проблемите се надминати.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Денес претседателот Де Лаурентис имал средба со агентот на Осимен и постигнат е начелен договор, па се договараат последните детали.
Осимен ќе стави потпис на договор до 2026 година и ќе добие значително зголемување на платата, но во истиот ќе има откупна клаузула од 130 милиони евра.