Дома Фудбал Она од што се стравуваше се потврди: Санчез го очекува долга пауза

Она од што се стравуваше се потврди: Санчез го очекува долга пауза

Алексис Санчез се повреди на пријателскиот натпревар помеѓу Чиле и Колумбија и според последните информации го очекува долго опоравување.

Алексис ова лето го напушти Манчестер Јунајтед и пристигна на позајмица во Интер каде добро ја започна сезоната. Меѓутоа, повредата дојде во најлош момент за него и се чини дека пред него е нешто подолга пауза.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Чилеанецот утрово направи детални лекарски прегледи кои донесоа лоши резултати. Имено, утврдено е дека се оштетени и лигаментите и ќе биде надвор од теренот околу три месеци.

„Можеби ќе мора да оди на операција, а за тоа ќе одлучат во Интер. Како што стојат работите ќе биде надвор од теренот околу три месеци. Тоа е голема штета со оглед на тоа дека започна добро во Интер и постигна два гола. Беше среќен и мотивиран. Не изгледа добро, но мора да почекаме уште малку.“ – изјави селекторот на Чиле, Риналдо Руеда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…