Реал Мадрид синоќа славеше со 6-1 против Мајорка и се врати на врвот во Ла Лига, а одлични на теренот беа Марко Асенсио кој постигна хет-трик, додека Карим Бензема даде два гола.




Францускиот фудбалер постигна голови во третата и 83 минута од мечот, а вториот гол беше негов јубилеен 200 во дресот на „кралевите“.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Бензема стана десетти фудбалер кој стигнал до оваа бројка во шпанскиот шампионат, а за медиумите откри кој му е омилен гол за Реал Мадрид.




„Овој клуб е целиот мој живот и горд сум на тоа. Се надевам дека ќе постигнам уште многу голови. Се обидувам да играм свој фудбал, кој го сакам. Мојот омилен гол? Ќе кажам дека тоа е првиот на асистенција на Ван Нистелрој“, вели Бензема.