Џулиус Секитолеко е натпреварувач во дигање на тегови кој требаше да настапи за Уганда на претстојните Олимписки игри, но мистериозно исчезна.
На една недела пред почетокот на Олимписките игри едноставно го снема, а сега е пронајдена и порака во неговата хотелска соба. Тој го искористил настапот на Олимписките игри за да побегне од Уганда.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Сите мои работи предајте ги на мојата сопруга. Сакам да останам во Јапонија, не се враќам во Уганда никогаш“, напиша Секитолеко.
Дека нешто не е во ред забележале неговите сонародници кога не се појавил на редовното тестирање за коронавирус.
Причината поради која што се одлучил на ваков потег е веројатно затоа што доаѓа од сиромашно семејство, па се надева дека во Јапонија ќе има подобар живот.