Германскиот фудбалер Месут Озил повторно се наоѓа на мета на шпекулации за можноста да го напушти Арсенал по крајот на сезоната.
Озил минатата сезона беше блиску до заминување од лондонскиот клуб бидејќи договорот му завршуваше ова лето, но одлучи да ја продолжи соработката до 2021. година. Со тоа стана најплатениот играч на Арсенал, но со игрите не ја оправдува улогата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овие денови на големо се пишува дека Озил и Емери не се во најдобри односи и дека нема да биде изненадување ако Германецот го напушти клубот. Наводно, Озил претходната зима бил на чекор до трансфер во Интер, но одлучил да ја одбие понудата.
Во Интер верувале дека работата е завршена, а дури и самиот Озил бил заинтересиран за трансфер во овој клуб, но на крајот се предомислил и ја продолжи соработката со Арсенал.
According to our information @MesutOzil1088 does not want to leave @Arsenal in winter. In 2017 he refused already an offer of @Inter_en
— Christian Falk (@cfbayern) December 19, 2018