Арсенал и Месут Озил се се поблиску до разделба…
Реномираниот англиски медиум „Скај Спорт“ тврди дека Арсен Венгер ја одредил цената за Германецот и е спремен да го продаде за сума од 20 милиони фунти, односно околу 22.5 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Подолго од една година трае сагата околу новиот договор на Озил бидејќи неговиот актуелен истекува на 30 јуни 2018 година. На почетокот Озил ги одбиваше понудите од Арсенал и бараше безобразно голема плата, но неговиот пад во формата го плати со тоа што ја изгуби подобрата преговарачка позиција.
Веќе со месеци Озил не личи на себе и игра далеку под секое ниво. Ова лето не го промени клубот и влезе во последната година од договорот. Од 1 јануари тој ќе може да потпише пред дговор со било кој клуб без дозвола на Арсенал, а наредното лето да замине без оштета.
Во Арсенал веќе се сомневаат дали да му понудат нов договор и размислуваат за продажба веќе во јануари. Затоа и ја одредија цената. Меѓутоа со моменталната горма и ситуација околу неговиот договор, тешко дека некој клуб ќе прифати да ја плати споменатата сума.