Дома Трансфер зона Озил веќе преговара со клубот каде што ќе премине во јануари?

Озил веќе преговара со клубот каде што ќе премине во јануари?

Германскиот фудбалер Месут Озил во досегашниот дел од сезоната не одигра ниту една секунда во дресот на Арсенал.

Микел Артета уште во финишот на минатата сезона го отпиша Озил кој тренира со првиот тим, но веќе половина година воопшто не конкурира за натпреварите. Германецот одби да го напушти Арсенал минатото лето, неговиот договор истекува на крајот на оваа сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа изгледа дека Озил веќе не сака да го чека крајот на сеозна и се шпекулира дека е спремен да си замине во јануари.

Англиските медиуми објавија дека Озил сигурно ќе го напушти Арсенал. Интерес за неговите услуги покажаа неколку клубови. Пред се тука е Фенербахче кој веќе некое време е во контакт со искусниот играч за врска.

Управата на Фенербахче сака да го доведе Озил и спремни да се платат одредена сума како оштета за него. Наводно тој веќе и одржал таен состанок со челниците на Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…