Дома Трансфер зона Одржан состанок: Манчестер Јунајтед се поблиску до засилувањето од 40 милиони евра

Одржан состанок: Манчестер Јунајтед се поблиску до засилувањето од 40 милиони евра

Како и што веќе се најавува од претходно, холандскиот фудбалер, Џошуа Зиркзе е на чекор од трансфер во Манчестер Јунајтед.

Новинарот Флоријан Плетенберг пренесува дека се одржал и состанок помеѓу неговиот менаџер и Ерик Тен Хаг. Тренерот на Манчестер Јунајтед и самиот разговарал со 23-годишниот фудбалер, па така сега и веројатноста за негово пристигнување е поголема.


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед на Болоња би морал да и плати 40 милиони евра колку што изнесува клазулата во неговиот договор.

Во Серија А, Зиркзе одигра 34 натпревари и постигна 11 голови, а запиша и пет асистенции. Во овој момент е на Европското првенство со Холандија каде што дебитираше против Полска.

Милан исто така е заинтересиран за Зиркзе, меѓутоа се чека крајот на првенството за да донесе конечна одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Наполи спремаат спектакуларна трампа

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен е eден од најбараните на фудбалскиот пазар и ова л…