Дома Фудбал Одреден судијата за Ел Класико, во Каталонија незадоволни

Одреден судијата за Ел Класико, во Каталонија незадоволни

Хуан Мартинез Мунуера беше избран од Судиската комора на Шпанија да биде главен арбитар на дуелот помеѓу Барслеона и Реал Мадрид во сабота.

38-годишниот судија од Валенсија за прв пат во кариерата ќе суди на Ел Класико, а каталонските медиуми се незадоволни од изборот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ го обвини Мунуера за тенденциозно судење на полуфиналето од Купот помеѓу Билбао и Барса кога наводно не беше досуден пенал на Де Јонг.

Истиот судија две недели порано го судеше дуелот помеѓу Реал Мадрид и Севиља кој го добија „кралевите“ со 2:1, кога не беше досуден сомнителен пенал за тимот од Андалузија.

Ел Класико ќе се игра в сабота од 16 часот, а двата гиганти влегуваат по порази во претходното коло во Примера

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри: Милан не му треба револуција, туку ред и дисциплина

Новиот главен тренер на Милан Масимилиано Алегри увери дека ќе работи на создавање на силе…