Дома Фудбал Италија Одреден датумот за старт на Серија А

Одреден датумот за старт на Серија А

Италијанските медиуми пренесуваат дека сезоната во Серија А најверојатно ќе продолжи на 12-ти јуни.

Клубовите веќе ги направија потребните прегледи на фудбалерите и наскоро ќе започнат индивидувалните тренинзи во тренинг-центрите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Најавите се дека на 18-ти мај здравствените власти ќе дадат дозвола за да продолжи тренажниот процес на тимовите со строго одреден протокол.

Според тоа се очекува Серија А да започне на 12-ти јуни и тоа со одложените натпревари од 26-то коло (Аталанта – Лацио, Болоња – Јувентус и Интер – Сампдорија).

Веќе од следниот викенд, односно 19-ти јуни треба да продолжи целосното 27-мо коло, а планот е Серија А да заврши до 2-ри август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул се соочува со правни пречки за потпишување на играчот од 100 милиони евра

Ливерпул ги одложи своите планови за ангажман на ѕвездата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, пор…