Дома Фудбал Останато Одлучено: Натпревар може да се одложи ако има 10 заразени, но само еднаш!

Одлучено: Натпревар може да се одложи ако има 10 заразени, но само еднаш!

Раководните лица на Серија А донесоа одлука при какви услови може да се одложи натшревар поради заразени со коронавирус.

Секој клуб ќе има право да побара одложување на натпревар ако во тимот има најмалку 10 заразени од Ковид 19. Важниот услов е дека клубот може да го искористи тоа право само еднаш во текот на сезоната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ако после искористувањето на оваа можност, клубот нема доволно фудбалери за да излезе на терен, натпреварот ќе се запише со службен пораз од 3:0.

Имено, според правилото на УЕФА еден натпревар ќе се игра доколку клубот има барем 13 здрави фудбалери, и тоа 12 играчи и еден голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим ги разбесни навивачите на Јунајтед – се бара негов отказ!

Тоа беше мрачно неделно попладне за Рубен Аморим и Манчестер Јунајтед, кои го напуштија ст…