Црвена Звезда му гостува на Наполи, а Ливерпул на ПСЖ во рамките на петтоко коло од групата Ц во Лигата на Шампионите.
Сите бркаат бодови, ситуацијата е многу неизвсна, Црвена Звезда е единствениот последнопласиран клуб во Лигата на Шампионите кој има 4 бода, но ситуациајта би можела да се промени по утрешните натпревари. Поради тоа многу е важно сите да бидат здрави, а во Ливерпул и Париз го наведоа тоа.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Така под знак прашалник беше настапот на Садио Мане на „Паркот на принцовите“, а се до денеска тоа не беше познато. Сепак, тој си замина со остатокот од екипата во Париз, во Ливерпул велат дека е целосно подготвен и дека ќе настапи. Ова се одлични вести за навивачите на Ливепул, но и за останатите љубители на фудбалот кој со нетрпение го очекуваат утрешниот натпревар во Париз.