Дома Фудбал Англија Одлични вести за Клоп, се вратија сите повредени фудбалери

Одлични вести за Клоп, се вратија сите повредени фудбалери

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп конечно нема кадровски проблеми кои беа многу чести во последните две сезони.

На денешната пресконференција пред мечот со Кардиф во ФА Купот, Германецот изјави дека сите повредени фудбалери се вратиле на тренинзите и му се на располагање.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Харви Елиот, Алкантара, Наби Кеита и Дивок Ориги се на располагање, единствено недостасуваат Садио Мане и Мохамед Салах кои се на Африканскиот Куп.

Клоп објави дека и двајцата ќе се вратат и ќе бидат на располагање за дуелот со Лестер во четврток.

„Импресиониран сум од рехабилитацијата на Харви, кој работеше напорно. Сигурно ќе биде дел од групата за мечот со Кардиф, како и останатите кои се опоравија од повредите“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Светло нa крajот oд тyнeлот: Фати доби понуда која може да ја спаси неговата кариера

Ансу Фати е еден од првите играчи на кои тренерот Ханси Фати им покажа дека можат да ја на…