Капитенот на Барселона, Андрес Инеста денес се врати на терените и тренираше, што е одлична вест за Барселона пред реваншот против Челзи во Лигата на шампионите.
Иниеста последен пат играше против Атлетико Мадрид, а не беше во составот за последниот натпревар против Малага. Поради ваквата ситуација кај навивачите на Барселона постоеше загриженост дека Иниеста не би можел да настапи во реваншот против „сините“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Челзи заврши без победник 1:1. Реваншот на програмата е во среда со почеток од 20:45 часот на „Ноу Камп“.