Како што денес објавија италијанските медиуми постојат сериозни шанси првото коло во Серија А да биде одложено.
Tрагедијата која се случи во вторникот наутро ја обележи оваа недела во Италија, а почетокот на првенството веројатно ќе биде поместено за седум дена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Понте Моранди“, мостот кој се сруши во вторникот со себе однесе 39 животи.
Сампдорија денес испрати барање нивниот натпревар против Фросинонен да биде одложен, додека навивачите на Џенова објавија дека нема да присуствуваат на натпреварот против Милан на „Сан Сиро“.
Сепак, медиумите во Италија најавуваат дека постојат големи шанси целото коло да биде одложено.
Конечната одлука ќе биде донесена до крајот на денешниот ден.
It’s reported that the first weekend of #SerieA could be postponed, in light of the tragic bridge collapse in Genoa. https://t.co/AmR9rYtNub pic.twitter.com/dq8VNppSoU
— footballitalia (@footballitalia) August 16, 2018