Дома Фудбал Германија Одговор на невакцинираните во Баерн: Ќе го тужат клубот за неисплатените плати

Одговор на невакцинираните во Баерн: Ќе го тужат клубот за неисплатените плати

Откако во Баерн најавија дека нема да им исплаќаат плати на невакцинираните фудбалери кои ќе завршат во изолација поради тоа што се зразиле со ковид или имале директен контакт сега стигнува одговор од другата страна.

Со таа одлука најмногу ќе настрада германскиот репрезентативец, Џошуа Кимих кој ќе остане без скоро 800.000 евра. Кимих веќе го пропушти мечот со Агусубург во Бундеслигата, а нема да настапи ниту со Динамо Киев оваа недела во ЛШ затоа што се уште е во карантин.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Освен него невакцинирани кај Баерн се Мусиала, Гнабри, Чупо-Мотинг и Мајкл Куисан. Овие фудбалерите одбиваат да се вакцинираат, а нивното образложение е дека вакцините не б иле сигурни.

Германските медиуми сега најавуваат дека фудбалерите преку судски пат ќе си ги бараат платите. Се потенцира дека ваквата ситуација со вакцинацијата може негативно да влијае во клубот, а тоа да се одрази на резултатите

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Први се фаворити за Лигата на шампиони, иако никогаш не ја освоиле

Компанијата Опта, која се занимава со статистика, ги објави своите проекции за Лигата на ш…