Според информациите кои пристигнуваат од одредени медиуми на Островот, кормилото на Вест Хем ќе го преземе Шпанец.
Не е ново тоа што се „клацка клупата“ на Славен Билиќ, „Чеканите“ ја отворија сезоната под очекуваното, и хрватскиот стратег би можел да стане вториот менаџер кој ќе заработи отказ по Франк Де Бур.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Каталонски „Спорт“ во денешното издание носи приказна дека деновите на Билиќ се избројани и дека на негово место би можел да пристигне Кике Санчез Флорес.
Овој 52-годишен шпански тренер има премиерлигашко искуство во сезоната 2015/16 кога го предводеше Вотфорд, доби едно признание и за менаџер на месецот.
Санчез Флорес од изминатата сезона е тренер на Еспањол, но во договорот со овој клуб има клаузула која предвидува дека може да замине во друг клуб без да плати обештета.
Изгледа управата на Вест Хем е подготвена да го повлече тој чекор.