Манчестер Јунајтед поминува низ турбулентен период кој како што стојат работите ќе донесе и промени во скаутската служба.
Клубот од Манчестер објави дека Џим Лавлор и Марсел Боут повеќе не се дел од Манчстер Јунајтед. Лавлор главен скаут на Јунајтед беше цели 16 години, беше доведен во 2005 година кога „црвените ѓаволи“ беа предводени од Алекс Фергусон.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Британските медиуми пишуваат дека станува збор за човекот кој пред шест години доби нова улога во која ги надгледуваше скаутските мрежи на Јунајтед. Сега по тоа прашање се очекуваат нови промени.
„Лавлор беше главен советник на Фергусон и на тренерите кои доаѓаа после него. Му се заблагодаруваме за се што направи и му посакуваме се најдобро во иднина“, објави Манчестер Јунајтед.
Manchester United revolution begins as chief scout Jim Lawlor leaves the club. 🔴 #MUFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 20, 2022
Man Utd spokesperson: “Jim Lawlor has decided to step down from his role as Chief Scout in the summer after 16 years with the club”, told @JamieJackson___