Дома Трансфер зона Од Јувентус се огласија на темите „Погба“ и „Савиќ“

Од Јувентус се огласија на темите „Погба“ и „Савиќ“

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Партичи потврди дека сите во клубот многу го сакаат Пол Погба, но потенцираше дека негово враќање во овој момент не е опција.

Францускиот играч за врска наводно е многу незадоволен на „Олд Трафорд“ и би сакал да се врати во Јувентус, но од Торино ги отфрлија таквите најави.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Сите многу го почитуваме Погба, имаме одредена врска со него, но никогаш не сме размислувале да го вратиме и нема да размислуваме. Сергеј Милинковиќ Савиќ? Одличен играч, но можам да ви потврдам дека немало преговори, ниту со него, ниту со неговиот тим“, изјави Партичи.
На крајот следуваше и прашање за Кристиано Роналдо.

„Кристиано е најдобар играч во историјата на фудбалот и неговото заминување очигледно е причина за некои промени во Мадрид. Тој е голем професионалец и сега има голема поддршка од сите во Јувентус“, порача човекот кој долги години му беше десна рака на Бепе Марота кој неодамна го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…