Младиот фудбалер на Црвенза Звезда, Андрија Максимовиќ има само 17 години, но јавноста во Србија од него веќе има големи очекувања.
Максимовиќ вчера го одигра својот петти професионален натпревар и тоа против италијанскиот шампион Интер и без разлика што Звезда беше поразена тој одигра одличен натпревар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Беше на теренот од првата минута и доби прилика да блесне на големата сцена. Посебно воодушеви со еден потег на средината од теренот кога одлично се ослободи од противничките фудбалери.
Српските фанови имат само пофалби за неговиот настап и коментираат дека уште од времето на Дејан Савиќевиќ не виделе таков потег.