Наполитанците често пати знаат да извлечат голема сума од потенцијалните купувачи.
Пари Сен Жермен имаат намера да потрошат голема сума во зимскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И покрај заканите од УЕФА дека би можеле да бидат казнети, наводно се спремни да издвојат дури 80 милиони евра за ангажман на нов фудбалер.
Во прашање е фудбалерот на Наполи кој оваа година се истакна како еден од најдобрите играчи на својот тим под водство на Карло Анчелоти, а неодамна стана и репрезентативец на Бразил.
ПСЖ и претходно се поврзуваше со Алан, но засега конкретни потези не видовме. Сега како што споменавме се најавува понуда од 80 милиони евра и прашање е дали Де Лаурентис истата ќе ја одбие.
Самиот фудбалер истакна дека ужива во Неапол, меѓутоа не ја отфрли можноста за промена на средината на крајот од сезоната.
https://www.youtube.com/watch?v=WK13vscTE6I