Дома Фудбал Италија Од непотребен до незаменлив: Бакајоко сака да остане во Милан!

Од непотребен до незаменлив: Бакајоко сака да остане во Милан!

Тиму Бакајоко даде опширно интервју за „Франс Фудбал“ во кои истакна дека е пресрекен во Милан и сака да остане на „Сан Сиро“.

Бакајоко објасни зошто го одбрал Милан, каков однос има со Гатузо и како останал импресиониран од Малдини.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Французинот имаше лоша прва сезона во Челзи иако пристигна како скапоцено засилување од Монако.

„Челзи одлучи да направи некои промени и јас не бев дел од нивните планови. Сари отворено ми кажа какви намери има. Сигурно би добил и јас шанса да ги покажам своите квалитети, но почувствував дека ми е потребна промена. Тоа беше важна одлука бидејќи Милан ми е четврти клуб, а имам само 24 години“, истакна Бакајоко.

„Ми се јави Леонардо и одлучив дека Милан е единствениот клуб каде што сакам да одам ако заминувам од Челзи. Како дете го обожавав овој клуб, а кога пристигнав ме пречека Малдини. Тој е икона на Милан и уште од првиот ден овде раборате каква институција е овој клуб“, додаде Французинот, кој на почетокот не пружаше солидни партии, па Гатузо отворено го критикуваше.

„Не ми се допаднаа неговите изјави. Тоа беа жестоки критики и го доведе во прашање мојот квалитет. Но Гатузо е таков, сака работите да ги каже во лице и онака како што се. Тој е татковска фигура во соблекувалната и сите фудбалери сакаат да имаат таков тренер. Со него разговараме за се и постојано застанува зад нас кога ќе погрешиме. Што се однесува до тактиката исто така е многу прецизен“, заклучи Бакајоко.

„Играм добра сезона и многу сум среќен во Милан. Знам дека сум под договор со Челзи, но јас сакам да останам во овој клуб. Мојот сон е да играм во Лигата на шампиони со Милан“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…