Поранешниот фудбалер на Вардар, Филип Стојчевски е најновото засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
24-годишниот Стојчевски, кој игра како последен фудбалер за врска, треба да биде повеќе од сериозно засилување за средниот ред на „сините“ во новата сезона.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Стојчевски има повеќе од сериозно домашно прволигашко искуство настапувајќи за Металург, Вардар, Македонија ЃП, Работнички и Ренова, а изминатава сезона настапуваше за Силекс од каде сега доаѓа во редовите на Брегалница. Зад своето име во кариерата има и интернационално искуство настапувајќи за грузијските прволигаш Сиони.